Prof. Dr. Werner Gitt
Mazedonisch: Wie komme ich in den Himmel?
Како да отидам во небото?
Die grundlegende Frage, die suchende Menschen sich stellen, wird hier von Prof. Dr. Werner Gitt beantwortet. "Wie findet man den Himmel?" Auf jeden Fall nicht durch eigene Anstrengungen oder Konzepte. "Was aber bringt uns wirklich in den Himmel?" Gott hat die Einladungen für den Himmel schon verteilt wie im Gleichnis des Menschen, der zu einem großen Fest Einladungen verschickte. Doch viele Menschen redeten sich heraus.
Prof. Dr. Gitt ruft dazu auf, nicht so "kurzsichtig" wie diese Leute zu sein. Jesus will uns vor der Hölle erretten und diese wird kein Vergleich zu der sogenannten "Hölle von Auschwitz" sein. Er hat am Kreuz für unsere Schuld bezahlt, wir müssen diese Einladung nur annehmen, dann ist ein Platz im Himmel "gebucht". Ein Entscheidungsgebet soll den Lesern dabei helfen.
Dieses Traktat eignet sich besonders gut zur Weitergabe an suchende Menschen!
8 Seiten, Best.-Nr. 120-19, Kosten- und Verteilhinweise | Eindruck einer Kontaktadresse
Како да отидам во небото?
Многумина од луѓето го омаловажуваат прашањето за вечноста. Тоа се гледа и кај оние коишто размислуваат за својот крај. Американската актерка Дру Баримор ја играше главната улога како мала sвезда во фантас-тичкиот филм „Вонземјанинот“. Кога таа имаше 28 години, во 1975 г., изјави: „Ако ми се случи да умрам пред мојата мачка, тогаш, ве молам, дајте ú ја мојата пепел да ја јаде. Така мојот живот ќе се продолжи во мачката.“ Колку кратковиден и омаловажувачки однос кон смртта, зарем не?
Во времето на Исус многумина луѓе доаѓаа кај Него. Нивните потреби речиси секогаш имаа секојдневен карактер:
- Го сретнаа десет лепрозни и застанаа подалеку, па со силен глас повикаа: „Исусе Наставниче, смилуј се!“ (Лука 17:12-13).
- Слепци сакаа да прогледнат (Мат. 9:27).
- Друг човек очекуваше од Исуса помош при распределбата на наследството (Лука 12:13-14).
- Фарисеи доаѓаат со прашањето дали треба да му плаќаат данок на царот (Мат. 22:17).
Малкумина само дојдоа кај Исуса за да дознаат како се оди во небото. Едно богато момче го побара со прашањето: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“ (Лука 18:18). Исус му рече да го продаде сето она што му е врзано за срцето и да појде по Него. Но, момчето беше премногу богато, не го послуша Неговиот совет и се откажа од небото и вечниот живот. Имаше и такви луѓе коишто воопшто не го бараа небото, но во средбата со Исус нивното внимание беше упатено кон небото. И тие веднаш пружаа рака кон небото. Закхеј сакаше да Го види Исуса единствено од љубопитство. Но, тој најде многу повеќе од очекуваното. По Исусовата посета на неговиот дом, сосема кратка, Закхеј го пронајде небото. Исус потврди: „Денес дојде спасението на овој дом“ (Лука 19:9).
Како да го пронајдеме небото?
Од досега кажаното можеме да заклучиме:
- Небеското царство можеме да го пронајдеме во точно еден определен ден. Тоа е добро да се знае затоа што се однесува и до тебе, драг читателу! Денес, додека ги читаш овие редови, можно е да го добиеш животот вечен од Бога.
- За да го добиеш Царството Небеско не треба да правиш никакви долги подготовки.
- Човекот може да го пронајде Царството Небеско потполно неподготвен.
Нашите копнежи во врска со тоа како да влеземе во небото се наполно погрешни, доколку не произлегуваат од Божјите принципи. Една народна пеачка во својата песна за кловнот кој по долгогодишна работа во циркусот го напушта, кажува: „Тој со сигурност ќе отиде во небото, бидејќи ги правеше луѓето среќни“. Една богата добротворка изградува куќа за сиромашните, во која би можеле да живеат 20 жени. Таа го прави тоа но, под еден услов: Жените се задолжени секој ден да се молат по еден час за спас на нејзината душа. Да ги правиш луѓето среќни е добро но, дали е тоа начинот
да влеземе во небото?
За да ни одговори на тоа прашање Исус ни има раскажана една приказна. Во Евангелието според Лука 14:16 Он зборува за еден човек (кој го симболизира Бог) којшто подготвува голем празник (што го симболизира небото) и испраќа покани единствено до одбрани луѓе. Сите одговори на поканите се очајувачки: „И почнаа сите, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: „Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!“ Другиот рече: „Си купив пет чифта волови и одам да ги пробам; те молам - извини ме!“ Третиот рече: „Се оженив и затоа не можам да дојдам.“ Исус ја завршува приказната со пресудата на домаќинот: „Зашто, ви велам: никој од поканетите нема да вкуси от вечерата Моја” (Лука 14:24).
Оттука станува јасно оти човекот може да го добие или да го загуби небото. Главното прашање е дали ќе ја примиме или ќе ја отфрлиме поканата. Дали можеме да влеземе во небото на уште полесен начин? Не! Ако еден ден многумина ќе бидат отфрлени од Небеското Царство, тоа нема да биде заради тоа што не го знаеле патот кон него, туку затоа што тие ја отфрлиле поканата.
Тројцата луѓе во приказната не можат да ни бидат за пример, бидејќи никој од нив не ја прими поканата и не отиде на празникот. Тогаш, дали отпаѓа празникот? Не, дури во спротивно! По откажувањата домаќинот испраќа покани насекаде. Но, тоа веќе не се оние покани со златните букви. Сега е важечки само простиот извик: „Дојдете!“ И секој, којшто ќе ја прими поканата, добива сигурно место на свечената трпеза. Што се случува? Да, луѓето доаѓаат, на толпи, на толпи. По извесно време домаќинот пресметнува оти има уште слободни места. И им вели на слугите: „Излезете одново! Поканете уште!“
На ова место би сакал да ја насочам приказната кон нас самите, затоа што таа се однесува токму на нашиов живот денес. Има уште слободни места во небото и денес Бог ти порачува: „Дојди, зафати го твоето место во небото! Биди паметен и си го зачувај местото за вечноста! Стори го тоа уште денес!“
Небото е неверојатно убаво и затоа Господ Исус го споредува со празникот. Во Првото послание до Коринтјаните 2:9 се кажува: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум не му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат“. Ништо, ама сосем ништо на земјава не може дури ни приближно да се спореди со небото. Толку неверојатно убаво е таму! Во никој случај не треба да го пропуштиме небото, затоа што е тоа драгоцено. Еден ни ја отвори вратата кон небото. Тоа е Исус, Божјиот Син! Пак Нему треба да Му благодариме за тоа што е толку лесно да се отиде во небото. Тоа сега зависи единствено од нашата желба. Само оној кој е навистина глуп, како тројцата мажи од приказната, нема да ја прими поканата.
Спасот се случува единствено преку Господа Исуса
Во Дела на Апостолите 2:21 го читаме еден од многу важните стихови: „Секој што ќе го призове името Господово, ќе се спаси.“ Тоа е клучна реченица во Новиот завет. Кога Павле беше во затворот во Филипи тој го донесе разговорот со стражарот до најбитното, најважното нешто за човекот - вечниот живот: „Поверувај во Господа Исуса Христа и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ (Дела на Апостолите - 16:31). Поракава е куса но, решавачка. И го променува животот. Истата ноќ стражарот од затворот поверувал во Исуса и се покајал.
Од што спасува Исус? Секој би го поставил прашањево. А одговорот е: Од патот што оди кон вечната осуда, од пеколот. Што се однесува до небото и пеколот Библијата е децидна оти луѓето ќе бидат таму вечно. Едното место е прекрасно а другото - ужасно! Трето место нема. Пет минути по смртта никој нема да каже оти со смртта сé завршува. Со личноста на Исус сé се разрешува. Нашето вечно битисување зависи од една единствена личност: од Исуса и од нашата врска со Него!
Кога бев во Полска, на пат да проповедам, го посетивме некогашниот концентрационен логор Аушвиц. Ужасни нешта се случувале таму за време на Втората светска војна. Од 1942 г. до 1944 г. во него биле загушени а потоа изгорени повеќе од 1,6 милиони луѓе, пред сé Евреи. Во литературата за овој концентрационен логор се кажува: „Пеколот на Аушвиц“. Jас размислував врз именувањето кога една работничка нé пренесе низ една гасна комора во која наеднаш умирале по 600 луѓе. Беше незамисливо ужасно. Но, дали тоа беше пеколот?
Како група посетители сакавме да видиме гасна комора, бидејќи ужасот завршил во 1945 г. Сега логорот е отворен за посетители и веќе никој нема да биде измачуван и загушуван таму. Гасните комори на Аушвиц завршија со нивните пеколни мачења но, пеколот опишан во Библијата е вечен.
Во влезната сала на денешниов музеј погледот ми беше привлечен од една слика што го покажуваше крстот со телото Христово. Еден затвореник ја издлабел неговата надеж во Распнатиот со еден ексер во sидот. И овој уметник умрел во гасната комора. Но, тој Го познавал Спасителот Исус. Тој умрел во едно ужасно место но, за него небото било отворено. Пеколот за којшто Господ Исус предупредува упорно во Новиот завет (пр. Мат. 7:13; Мат. 5:30; Мат. 18:8) нема свршеток. Човек кога ќе се најде еднаш во него, останува таму засекогаш. Пеколот, за разлика од Аушвиц е вечен.
Небото исто така е вечно. Тоа е местото кадешто Бог сака да нé донесе. Затоа, не ја откажувајте поканата да влезете во него. Повикајте го името на Господа Исуса и зачувајте си го местото на небото! По едно проповедање една жена сосема воодушевено ме запраша: „Дали може човек воопшто да си зачува место во небото? Тоа звучи малку како туристичко биро“. Jас се согласувам со неа. Но, ако некој не резервира, не оди до целта. Ако сакате да летате за Хавајските острови вие имате потреба од важечки билет. Таа одново ме запраша: „Да но, билетот мора да се плати?“ Па да, билетот за небото исто! Но, тој е толку скап што никој од нас не може да го плати. Нашиот грев е пречка. Бог не трпи во Неговото небо никаков грев. Тој што сака, по овој живот, да ја помине вечноста во небото кај Бога, тој прво мора да биде ослободен од неговата вина и од гревот. Тоа ослободување можеше да биде извршено единствено преку една безгрешна личност и оваа личност е Исус Христос. Единствено Он е способен да ја плати цената! И ја плати со сопствената крв, преку смртта на крстот.
И што треба да направам сега за да отидам во небото? Бог упатува покана за спас до сите нас на истиот начин како домаќинот на празникот. Со настојувања многу стихови во Библијата нé покануват да му воз-вратиме на повикот Божји:
- „Потрудете се да влезете низ тесната врата“ (Лука 13:24).
- „Покајте се, зашто се приближи царството небеско!“ (Матеја 4:17).
- „Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што водат кон пропаст, и многумина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина го наоѓаат“ (Мат. 7:13-14).
- „Држи се за вечниот живот, за кој си и повикан“ (І Тимотеј 6:12).
- „Поверувај во Господа Исуса Христа, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ (Дела на ап. 16:31).
Тоа се многу конкретни и упорни покани. Се чувствува сериозноста, решителноста и упорноста во секоја реченица. Единствено така ќе го добиеме вечниот живот кога ќе ú одговориме на поканата за небото со молитва која, со едноставни зборови, би можела да звучи вака:
„Господе Исусе, денес прочитав оти само преку Тебе би можел да влезам во небото. Jас би сакал еден ден да бидам со Тебе во небото. Затоа, спаси ме од пеколот во кој би отишол заради моите гревови. Зашто Ти толку много ме сакаш што за мене умре на крстот и ја плати таму казната за моите гревови. Ти ја гледаш сета моја вина од детството дури до денеска. Ти го знаеш секој мој грев, сé на што се сеќавам сега, ама и сé на што веќе сум заборавил. Ти го знаеш секој немир на моето срце. Пред Тебе сум како отворена книга. Таков, каков што сум, не можам да дојдам во небото. Те молам, прости ми ги гревовите за коишто јас од сето срце жалам. Дојди сега, Боже, во мојот живот и го обнови. Помогни ми да отфрлам сé што не е право пред Тебе и подари ми нови навики кои се под Твојот благослов. Отвори ми го достапот до Твоето Слово, Библијата. Помогни ми да разбирам што сакаш да ми кажеш и дај ми срце послушно за да го вршам она што е пријатно за Тебе. Сакам да те следам, покажи ми го патот по кој треба да одам во сите области на мојот живот. Ти благодарам што ја слушна мојава молба оти сега можам да бидам Божје дете кое еден ден ќе биде со Тебе во небото. Амин.“
Проф. д.т.н. Вернер Гит