Wir verwenden Cookies, um die Benutzerfreundlichkeit dieser Webseite zu erhöhen (mehr Informationen).

Prof. Dr. Werner Gitt

Како да отидам во небото?

Die grundlegende Frage, die suchende Menschen sich stellen, wird hier von Prof. Dr. Werner Gitt beantwortet. "Wie findet man den Himmel?" Auf jeden Fall nicht durch eigene Anstrengungen oder Konzepte. "Was aber bringt uns wirklich in den Himmel?" Gott hat die Einladungen für den Himmel schon verteilt wie im Gleichnis des Menschen, der zu einem großen Fest Einladungen verschickte. Doch viele Menschen redeten sich heraus.

Prof. Dr. Gitt ruft dazu auf, nicht so "kurzsichtig" wie diese Leute zu sein. Jesus will uns vor der Hölle erretten und diese wird kein Vergleich zu der sogenannten "Hölle von Auschwitz" sein. Er hat am Kreuz für unsere Schuld bezahlt, wir müssen diese Einladung nur annehmen, dann ist ein Platz im Himmel "gebucht". Ein Entscheidungsgebet soll den Lesern dabei helfen.

Dieses Traktat eignet sich besonders gut zur Weitergabe an suchende Menschen!

8 Seiten, Best.-Nr. 120-19, Kosten- und Verteilhinweise | Eindruck einer Kontaktadresse


Како да отидам во небото?

Мно­гу­ми­на од луѓето го ома­ло­ва­жу­ва­ат пра­шањето за ве­ч­но­с­та. Тоа се гле­да и кај оние ко­и­ш­то раз­ми­с­лу­ва­ат за својот крај. Аме­ри­кан­с­ка­та ак­тер­ка Дру Ба­ри­мор ја иг­ра­ше гла­в­на­та уло­га ка­ко ма­ла sве­з­да во фан­тас-­ти­ч­ки­от филм „Вон­земјани­нот“. Ко­га таа има­ше 28 го­ди­ни, во 1975 г., изјави: „Ако ми се слу­чи да ум­рам пред мојата ма­ч­ка, то­гаш, ве мо­лам, дајте ú ја мојата пе­пел да ја јаде. Та­ка мојот жи­вот ќе се про­до­л­жи во ма­ч­ка­та.“ Кол­ку кра­т­ко­ви­де­н и ома­ло­ва­жу­ва­ч­ки од­нос кон смртта, за­рем не?

Во вре­ме­то на Исус мно­гу­ми­на луѓе доаѓаа кај Не­го. Ни­в­ни­те по­т­ре­би ре­чи­си се­ко­гаш имаа се­којдне­вен ка­ра­к­тер:

  • Го сре­т­наа де­сет ле­п­ро­з­ни и за­с­та­наа по­да­ле­ку, па со си­лен глас по­ви­каа: „Ису­се На­с­тав­­ни­че, смилуј се!“ (Лука 17:12-13).
  • Сле­п­ци са­каа да про­г­ле­д­нат (Мат. 9:27).
  • Друг чо­век оче­ку­ва­ше од Ису­са по­мош при распре­дел­ба­та на на­с­ле­д­с­т­во­то (Лу­ка 12:13-14).
  • Фа­ри­сеи доаѓаат со пра­шањето да­ли тре­ба да му плаќаат да­нок на ца­рот (Мат. 22:17).

Мал­ку­ми­на са­мо дојдоа кај Ису­са за да до­з­на­ат ка­ко се оди во не­бо­то. Ед­но бо­га­то мом­че го по­ба­ра со пра­шањето: „Учи­те­ле до­бар, што да на­п­ра­вам за да на­с­ле­дам жи­вот ве­чен?“ (Лу­ка 18:18). Исус му ре­че да го про­да­де се­то она што му е врза­но за срце­то и да појде по Не­го. Но, мом­че­то бе­ше пре­м­но­гу бо­га­то, не го по­с­лу­ша Не­го­ви­от со­вет и се от­ка­жа од не­бо­то и ве­ч­ни­от жи­вот. Има­ше и та­к­ви луѓе ко­и­ш­то во­о­п­ш­то не го ба­раа не­бо­то, но во сре­д­ба­та со Исус ни­в­но­то вни­ма­ние бе­ше упа­те­но кон не­бо­то. И тие ве­д­наш пру­жаа ра­ка кон не­бо­то. За­к­хеј са­ка­ше да Го ви­ди Ису­са един­с­т­ве­но од љубо­пи­т­с­т­во. Но, тој најде мно­гу по­веќе од оче­ку­ва­но­то. По Ису­со­ва­та по­се­та на не­го­ви­от дом, со­се­ма кра­т­ка, За­к­хеј го про­најде не­бо­то. Исус по­т­вр­ди: „Де­нес дојде спа­се­ни­е­то на овој дом“ (Лу­ка 19:9).

Ка­ко да го про­најде­ме не­бо­то?

Од до­се­га ка­жа­но­то мо­же­ме да за­к­лу­чи­ме:

  • Не­бе­с­ко­то цар­с­т­во мо­же­ме да го про­најде­ме во то­ч­но еден оп­ре­де­лен ден. Тоа е до­б­ро да се знае за­тоа што се од­не­су­ва и до те­бе, драг чи­та­те­лу! Де­нес, до­де­ка ги чи­таш овие ре­до­ви, мо­ж­но е да го до­би­еш жи­во­тот ве­чен од Бо­га.
  • За да го до­би­еш Цар­с­т­во­то Не­бе­с­ко не тре­ба да пра­виш ни­ка­к­ви до­л­ги по­д­го­то­в­ки.
  • Чо­ве­кот мо­же да го про­најде Цар­с­т­во­то Не­бе­с­ко по­т­пол­но не­по­д­го­т­вен.

На­ши­те ко­п­не­жи во врска со тоа ка­ко да вле­зе­ме во не­бо­то се на­по­л­но по­г­ре­ш­ни, до­кол­ку не про­из­ле­гу­ва­ат од Божјите при­н­ци­пи. Ед­на на­ро­д­на пе­а­ч­ка во својата пе­с­на за кло­в­нот кој по до­л­го­го­ди­ш­на ра­бо­та во цир­ку­сот го на­пу­ш­та, ка­жу­ва: „Тој со си­гур­ност ќе оти­де во не­бо­то, би­дејќи ги пра­ве­ше луѓето среќни“. Ед­на бо­га­та до­б­ро­т­вор­ка из­г­ра­ду­ва куќа за си­ро­маш­­ни­те, во која би мо­же­ле да жи­ве­ат 20 же­ни. Таа го пра­ви тоа но, под еден ус­лов: Же­ни­те се за­до­л­же­ни се­кој ден да се мо­лат по еден час за спас на нејзи­на­та ду­ша. Да ги правиш луѓето среќни е добро но, дали е тоа начинот

да влеземе во небото?

За да ни од­го­во­ри на тоа пра­шање Исус ни има ра­с­ка­жа­на ед­на при­ка­з­на. Во Еван­ге­ли­е­то спо­ред Лу­ка 14:16 Он збо­ру­ва за еден чо­век (кој го сим­бо­ли­зи­ра Бог) којшто по­д­го­т­ву­ва го­лем пра­з­ник (што го сим­бо­ли­зи­ра не­бо­то) и ис­п­раќа по­ка­ни един­с­т­ве­но до од­б­ра­ни луѓе. Си­те од­го­во­ри на по­ка­ни­те се очајува­ч­ки: „И по­ч­наа си­те, ка­ко до­го­во­ре­ни, да от­ка­жу­ва­ат; први­от му ре­че: „Ку­пив ни­ва и ќе тре­ба да одам да ја ви­дам; те мо­лам, из­ви­ни ме!“ Дру­ги­от ре­че: „Си ку­пив пет чи­ф­та во­ло­ви и одам да ги про­бам; те мо­лам - из­ви­ни ме!“ Тре­ти­от ре­че: „Се оже­нив и за­тоа не мо­жам да дојдам.“ Исус ја за­вр­шу­ва при­ка­з­на­та со пре­су­да­та на до­маќинот: „За­ш­то, ви ве­лам: ни­кој од по­ка­не­ти­те не­ма да вку­си от ве­че­ра­та Моја” (Лу­ка 14:24).

От­ту­ка ста­ну­ва јас­но оти чо­ве­кот мо­же да го до­бие или да го за­гу­би не­бо­то. Гла­в­но­то пра­шање е да­ли ќе ја при­ми­ме или ќе ја от­фр­ли­ме по­ка­на­та. Да­ли мо­же­ме да вле­зе­ме во не­бо­то на уш­те по­ле­сен на­чин? Не! Ако еден ден мно­гу­ми­на ќе би­дат от­фр­ле­ни од Не­бе­с­ко­то Цар­с­т­во, тоа не­ма да би­де за­ра­ди тоа што не го зна­е­ле па­тот кон не­го, ту­ку за­тоа што тие ја от­фр­ли­ле по­ка­на­та.

Тројца­та луѓе во при­ка­з­на­та не мо­жат да ни би­дат за при­мер, би­дејќи ни­кој од нив не ја при­ми по­ка­на­та и не оти­де на пра­з­ни­кот. То­гаш, да­ли от­паѓа пра­з­ни­кот? Не, ду­ри во спро­ти­в­но! По от­ка­жу­вањата до­маќинот ис­п­раќа по­ка­ни на­се­ка­де. Но, тоа веќе не се оние по­ка­ни со зла­т­ни­те бу­к­ви. Се­га е ва­же­ч­ки са­мо про­с­ти­от из­вик: „Дојде­те!“ И се­кој, којшто ќе ја при­ми по­ка­на­та, до­би­ва си­гур­но ме­с­то на све­че­на­та трпе­за. Што се слу­чу­ва? Да, луѓето доаѓаат, на тол­пи, на тол­пи. По из­ве­с­но вре­ме до­маќинот пре­с­ме­т­ну­ва оти има уш­те сло­бо­д­ни ме­с­та. И им ве­ли на слу­ги­те: „Из­ле­зе­те од­но­во! По­ка­не­те уш­те!“

На ова ме­с­то би са­кал да ја на­со­чам при­ка­з­на­та кон нас са­ми­те, за­тоа што таа се од­не­су­ва то­к­му на на­ши­ов жи­вот де­нес. Има уш­те сло­бо­д­ни ме­с­та во не­бо­то и де­нес Бог ти по­ра­чу­ва: „Дојди, за­фа­ти го тво­е­то ме­с­то во не­бо­то! Би­ди па­ме­тен и си го за­чу­вај ме­с­то­то за ве­ч­но­с­та! Сто­ри го тоа уш­те де­нес!“

Не­бо­то е не­ве­ројат­но уба­во и за­тоа Го­с­под Исус го спо­ре­ду­ва со пра­з­ни­кот. Во Прво­то по­с­ла­ние до Ко­ринтјани­те 2:9 се ка­жу­ва: „Што око не ви­де, уво не чу, ни­ту на чо­ве­ка на ум не му па­д­на, тоа Бог го при­го­т­вил за оние, кои Го са­ка­ат“. Ни­ш­то, ама со­сем ни­ш­то на земјава не мо­же ду­ри ни при­б­ли­ж­но да се спо­ре­ди со не­бо­то. Тол­ку не­ве­ројат­но уба­во е та­му! Во ни­кој слу­чај не тре­ба да го про­пу­ш­ти­ме не­бо­то, за­тоа што е тоа дра­го­це­но. Еден ни ја от­во­ри вра­та­та кон не­бо­то. Тоа е Исус, Божјиот Син! Пак Не­му тре­ба да Му бла­го­да­ри­ме за тоа што е тол­ку ле­с­но да се оти­де во не­бо­то. Тоа се­га за­ви­си един­с­т­ве­но од на­ша­та жел­ба. Са­мо оној кој е на­ви­с­ти­на глуп, ка­ко тројца­та ма­жи од при­ка­з­на­та, не­ма да ја при­ми по­ка­на­та.

Спасот се случува единствено преку Господа Исуса

Во Де­ла на Апо­с­то­ли­те 2:21 го чи­та­ме еден од мно­гу ва­ж­ни­те сти­хо­ви: „Се­кој што ќе го при­зо­ве име­то Го­с­по­до­во, ќе се спа­си.“ Тоа е клу­ч­на ре­че­ни­ца во Но­ви­от за­вет. Ко­га Па­в­ле бе­ше во за­т­во­рот во Фи­ли­пи тој го до­не­се раз­го­во­рот со стра­жа­рот до најби­т­но­то, најва­ж­но­то не­ш­то за чо­ве­кот - ве­ч­ни­от жи­вот: „По­ве­ру­вај во Го­с­по­да Ису­са Хри­с­та и ќе се спа­сиш ти и це­ли­от твој дом!“ (Де­ла на Апо­с­то­ли­те - 16:31). По­ра­ка­ва е ку­са но, ре­ша­ва­ч­ка. И го про­ме­ну­ва жи­во­тот. Ис­та­та ноќ стра­жа­рот од за­т­во­рот по­ве­ру­вал во Ису­са и се по­кајал.

Од што спа­су­ва Исус? Се­кој би го по­ста­вил пра­шањево. А од­го­во­рот е: Од па­тот што оди кон ве­ч­на­та осу­да, од пе­ко­лот. Што се од­не­су­ва до не­бо­то и пе­ко­лот Би­б­лијата е де­ци­д­на оти луѓето ќе би­дат та­му ве­ч­но. Ед­но­то ме­с­то е пре­к­ра­с­но а дру­го­то - ужа­с­но! Тре­то ме­с­то не­ма. Пет ми­ну­ти по смртта ни­кој не­ма да ка­же оти со смртта сé за­вр­шу­ва. Со ли­ч­но­с­та на Исус сé се раз­ре­шу­ва. На­ше­то ве­ч­но би­ти­су­вање за­ви­си од ед­на един­с­т­ве­на ли­ч­ност: од Ису­са и од на­ша­та врска со Не­го!

Ко­га бев во По­л­с­ка, на пат да про­по­ве­дам, го по­се­ти­в­ме не­ко­га­ш­ни­от кон­цен­т­ра­ци­о­нен ло­гор Ау­ш­виц. Ужа­с­ни не­ш­та се слу­чу­ва­ле та­му за вре­ме на Вто­ра­та све­т­с­ка војна. Од 1942 г. до 1944 г. во не­го би­ле за­гу­ше­ни а по­тоа из­го­ре­ни по­веќе од 1,6 ми­ли­о­ни луѓе, пред сé Ев­реи. Во ли­те­ра­ту­рата за овој кон­цен­т­ра­ци­о­нен ло­гор се ка­жу­ва: „Пе­ко­лот на Ау­ш­виц“. Jас раз­ми­с­лу­вав врз име­ну­вањето ко­га ед­на ра­бо­т­ни­ч­ка нé пре­не­се низ ед­на га­с­на ко­мо­ра во која на­е­д­наш уми­ра­ле по 600 луѓе. Бе­ше не­за­ми­с­ли­во ужа­с­но. Но, да­ли тоа беше пе­ко­лот?

Ка­ко гру­па по­се­ти­те­ли са­ка­в­ме да ви­ди­ме га­с­на ко­мо­ра, бидејќи ужа­сот за­вр­шил во 1945 г. Се­га ло­го­рот е от­во­рен за по­се­ти­те­ли и веќе ни­кој не­ма да би­де из­ма­чу­ван и за­гу­шу­ван та­му. Га­с­ни­те ко­мо­ри на Ау­ш­виц за­вр­шија со ни­в­ни­те пе­кол­ни ма­чења но, пе­ко­лот опи­шан во Би­б­лијата е ве­чен.

Во вле­з­на­та са­ла на де­не­ш­ни­ов му­зеј по­г­ле­дот ми бе­ше при­в­ле­чен од ед­на сли­ка што го по­ка­жу­ва­ше крстот со те­ло­то Хри­с­то­во. Еден за­т­во­ре­ник ја из­д­ла­бел не­го­ва­та на­деж во Ра­с­п­на­ти­от со еден ек­сер во sидот. И овој уме­т­ник ум­рел во га­с­на­та ко­мо­ра. Но, тој Го по­з­на­вал Спа­си­те­лот Исус. Тој ум­рел во ед­но ужа­с­но ме­с­то но, за не­го не­бо­то би­ло от­во­ре­но. Пе­ко­лот за којшто Го­с­под Исус пре­ду­п­ре­ду­ва упор­но во Но­ви­от за­вет (пр. Мат. 7:13; Мат. 5:30; Мат. 18:8) не­ма сврше­ток. Чо­век ко­га ќе се најде ед­наш во не­го, ос­та­ну­ва та­му за­се­ко­гаш. Пе­ко­лот, за раз­ли­ка од Ау­ш­виц е ве­чен.

Не­бо­то ис­то та­ка е ве­ч­но. Тоа е ме­с­то­то ка­де­ш­то Бог са­ка да нé до­не­се. За­тоа, не ја от­ка­жу­вајте по­ка­на­та да вле­зе­те во не­го. По­ви­кајте го име­то на Го­с­по­да Ису­са и за­чу­вајте си го ме­с­то­то на не­бо­то! По ед­но про­по­ве­дање ед­на же­на со­се­ма во­о­ду­ше­ве­но ме за­п­ра­ша: „Да­ли мо­же чо­век во­о­п­ш­то да си за­чу­ва ме­с­то во не­бо­то? Тоа зву­чи мал­ку ка­ко ту­ри­с­ти­ч­ко би­ро“. Jас се со­г­ла­су­вам со неа. Но, ако не­кој не ре­зер­ви­ра, не оди до цел­та. Ако са­ка­те да ле­та­те за Ха­вајски­те ос­т­ро­ви вие има­те по­т­ре­ба од ва­же­ч­ки би­лет. Таа од­но­во ме за­п­ра­ша: „Да но, би­ле­тот мо­ра да се пла­ти?“ Па да, би­ле­тот за не­бо­то ис­то! Но, тој е тол­ку скап што ни­кој од нас не мо­же да го пла­ти. На­ши­от грев е пре­ч­ка. Бог не трпи во Не­го­во­то не­бо ни­ка­ков грев. Тој што са­ка, по овој жи­вот, да ја по­ми­не ве­ч­но­с­та во не­бо­то кај Бо­га, тој прво мо­ра да би­де ос­ло­бо­ден од не­го­ва­та ви­на и од гре­вот. Тоа ос­ло­бо­ду­вање мо­же­ше да би­де из­вр­ше­но един­с­т­ве­но пре­ку ед­на без­г­ре­ш­на ли­ч­ност и оваа ли­ч­ност е Исус Хри­с­тос. Един­с­т­ве­но Он е спо­со­бен да ја пла­ти це­на­та! И ја пла­ти со со­п­с­т­ве­на­та крв, пре­ку смртта на крстот.

И што тре­ба да на­п­ра­вам се­га за да оти­дам во не­бо­то? Бог упа­ту­ва по­ка­на за спас до си­те нас на ис­ти­от на­чин ка­ко до­маќинот на пра­з­ни­кот. Со на­с­тојувања мно­гу сти­хо­ви во Би­б­лијата нé по­ка­ну­ват да му во­з­­-­вра­ти­ме на по­ви­кот Божји:

  • „По­т­ру­де­те се да вле­зе­те низ те­с­на­та вра­та“ (Лука 13:24).
  • „По­кајте се, за­ш­то се при­б­ли­жи цар­с­т­во­то не­бе­с­ко!“ (Ма­теја 4:17).
  • „Вле­зе­те низ те­с­на­та вра­та; оти ши­ро­ки се вра­ти­те и ши­рок е па­тот што во­дат кон про­паст, и мно­гу­ми­на ми­ну­ваат низ нив; а те­с­ни се вра­ти­те и те­сен е па­тот што во­дат кон жи­во­тот, и мал­ку­ми­на го наоѓаат“ (Мат. 7:13-14).
  • „Држи се за ве­ч­ни­от жи­вот, за кој си и по­ви­кан“ (І Ти­мо­теј 6:12).
  • „По­ве­ру­вај во Го­с­по­да Ису­са Хри­с­та, и ќе се спа­сиш ти и це­ли­от твој дом!“ (Де­ла на ап. 16:31).

Тоа се мно­гу кон­к­ре­т­ни и упор­ни по­ка­ни. Се чу­в­с­т­ву­ва се­ри­о­з­но­с­та, ре­ши­тел­но­с­та и упор­но­с­та во се­која ре­че­ни­ца. Един­с­т­ве­но та­ка ќе го до­би­е­ме ве­ч­ни­от жи­вот ко­га ќе ú од­го­во­ри­ме на по­ка­на­та за не­бо­то со мо­ли­т­ва која, со ед­но­с­та­в­ни збо­ро­ви, би мо­же­ла да зву­чи ва­ка:

„Го­с­по­де Ису­се, де­нес про­чи­тав оти са­мо пре­ку Те­бе би мо­жел да вле­зам во не­бо­то. Jас би са­кал еден ден да би­дам со Те­бе во не­бо­то. За­тоа, спа­си ме од пе­ко­лот во кој би оти­шол за­ра­ди мо­и­те гре­во­ви. За­ш­то Ти тол­ку мно­го ме са­каш што за ме­не ум­ре на крстот и ја пла­ти та­му ка­з­на­та за мо­и­те гре­во­ви. Ти ја гле­даш се­та моја ви­на од де­т­с­т­во­то ду­ри до де­не­с­ка. Ти го зна­еш се­кој мој грев, сé на што се сеќавам се­га, ама и сé на што веќе сум за­бо­ра­вил. Ти го зна­еш се­кој не­мир на мо­е­то срце. Пред Те­бе сум ка­ко от­во­ре­на кни­га. Та­ков, ка­ков што сум, не мо­жам да дојдам во не­бо­то. Те мо­лам, про­с­ти ми ги гре­во­ви­те за ко­и­ш­то јас од се­то срце жа­лам. Дојди се­га, Бо­же, во мојот жи­вот и го об­но­ви. По­мо­г­ни ми да от­фр­лам сé што не е пра­во пред Те­бе и по­да­ри ми но­ви на­ви­ки кои се под Твојот бла­го­с­лов. От­во­ри ми го до­с­та­пот до Тво­е­то Сло­во, Би­б­лијата. По­мо­г­ни ми да раз­би­рам што са­каш да ми ка­жеш и дај ми срце по­с­лу­ш­но за да го вршам она што е пријат­но за Те­бе. Са­кам да те сле­дам, по­ка­жи ми го па­тот по кој тре­ба да одам во си­те об­ла­с­ти на мојот жи­вот. Ти бла­го­да­рам што ја слу­ш­на мојава мол­ба оти се­га мо­жам да би­дам Божје де­те кое еден ден ќе би­де со Те­бе во не­бо­то. Амин.“

Проф. д.т.н. Вер­нер Гит